Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, има потреба да вработи:
Продажен персонал – Палма Мол Тетово
Потребни квалификации:
- ССС/ ВСС
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
- Познавање на Autocad
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутери
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
- Проверка на декларации и редење на производи
- Изработка на потребна документација
- Одржување на хигиена во продажното место
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.
sales@officeplus.com.mk | Tetovo – Palma Mall – ground floor (076 339-580)