Job Description
ПЛАТИ до 40.800 денари: Оглас за вработување во Управата за финансиска полиција
Врз основа на член 37, 38 и 39 од Законот за финансиска полиција Службен Весник на Република Македонија” бр. 12/14 43/14 33/15 и 27/16 член 22 и 23 од Законотза работните односи Службен Весник на Република Македонија” бр. 62/05 39/12), член 17 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година Службен Весник на Република Македонија” бр 191/1 6). Комисијата за спроведување на постапка за вработување при Министерство за финансии Управа за финансиска полиција објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2017
за вработување во Управата за финансиска полиција Управата за финансиска полиција има потреба од вработување на неопределено време со полно работно време на 3 извршители за следните работни места:
1. Финансиски полицаец Раководител на одделение главен инспектор за компјутерски криминал и дигитална форензика шифра ФИН 02 08 АОЗ 001: Еден (1) извршител кој треба да има завршено VII/1 степен на стручна подготовка од областа на Компјутерска техника и информатика, Електротехника, Информатика и за нивото АЗ потребно е најмалку пет години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 40.839,00 денари.
2. Финаисиски полицаец Самостоен инспекгор за привремено одземање и вештачење на компјутерски системи шифра ФИН 02 08 Б01 001 Еден (1 извршител кој треба да има завршено VII/1 степен на стручна подготовка од областа на Компјутерска техника и информатика, Електротехника, Информатика и за нивото Б1 потребно е најмалку три години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 37.215,00 денари.
3. Финансиски полицаец Виш инспектор за компјутерски криминал и дигитална фореизика шифра ФИН 02 08 Б02 001: Еден (1 извршител кој треба да има завршено VII/1 степен на стручна подготовка од областа на Компјутерска техника и информатика, Електротехника, Информатика и за нивото Б2 потребно е најмалку три години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 34.534,00 денари.
Финансиски полицаец може да биде лице кое покрај општите услови утврдени со Закон за работни односи треба ги исполнува следниве услови согласно Законот за финансиска полиција:
- државјанин на Република Македонија;
- психофизички здраво( способно лице) и со предиспозиции за вршење на работите на финансиски полицаец;
- ниво на квалификации VI A според националната рамка на високообразовните квалификации, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа Компјутерска техника и информатика, Електротехника, Информатика
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- познавање на англиски јазик преку поседување на уверение од меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението AJITE на европските тестатори на ниво Б2, нивото на CEFR односно ИЕЈ1ТС со 5-6 бода, ФЦЕ, БЕК В, ИЛЕК, ИКФЕ, БУЛАТС или ТОЕФИЛ ПБТ најмалку 500 бода, ТОЕФИЛ ЦБТ најмалку 175 бода или ТОЕФИЛ ИБТ најмалку 60 бода, не постар од 5 години;
Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
- уверение за државјанство на РМ;
- лична биографија CV) не поголема од 5
- страни, со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
- мотивационо писмо од најмногу 500 зборови;
- диплома За завршено образование;
- доказ за англиски јазик, согласно бараните сертификати;
- доказ за познавање на компјутерски вештини.
Горенаведените документи потребно е Да се достават во оригинал или копија заверена на нотар.
Пријавите со потребните документи да се достават до Архивата на Управата за финансиска полиција или преку пошта на следната адреса:
Управа за финансиска полиција
Ул. Кеј Димитар Влахов бр. 4 кат 4. 1000 Скопје со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР: 01/2017”
Рокот за доставување на пријавите изнесува седум 7 работни дена, сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат, односно најдоцна до: 21. 12. 2017 година.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за финансиска полиција.
По извршената селекција на пријавените кандидати кои доставиле уредни пријави за работното место, ќе биде спроведено интервју во просториите на Управата за финансиска полиција.
Управата за финансиска полиција ќе изврши избор во рок согласно со член 39 од Законот за финансиска полиција.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време за сите огласени работни места е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок.
Комисија за спроведување на постапка за вработување