Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 26 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
 

РАБОТНИК ВО МАГАЦИН 

Одговорности и задачи:

  • Извршува прием, истовар и сместување на репроматеријали, суровини и други производи за потребите на производниот процес.
  • Врши подготовка на стоката (готов производ) и товарење.
  • Врши други работи што ќе му бидат доверени од страна на одговорниот за магацин и експедиција.

Потребни квалификации:

  • ССС.
  • Со или без работно искуство.
  • Познавање на работа со компјутер.

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.

Ви нудиме:

  • Можност за напредување во работата.
  • Обезбеден оброк.
  • Работа во пријатна и позитивна атмосфера.

 Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО МАГАЦИН’’. Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 01.09.2020 до 15.09.2020).

  • Share